Украинско беспилотно летало изврши напад врз нафтена база во регионот Брјанск

Украинско беспилотно летало изврши напад врз нафтената база на АД „Брјанскнефтпродукт“ во Клинцовск во областа Брјанск, изјави гувернерот на тој регион Александар Богомаз.

Во соопштението на лидерот на регионот на каналот Телеграм се додава дека нема жртви.

Се посочува дека од фрлената муниција делумно се оштетени бетонската основа и резервоарот за складирање на нафтени деривати.