Украински пратеник го номинираше Доналд Трамп за Нобеловата награда за мир

Украинскиот пратеник Александар Мережко, член на партијата „Слуги на народот“ и претседател на парламентарната комисија за надворешна политика, го предложи новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за Нобеловата награда за мир во 2025 година.

Мережко објасни дека, според правилата на Комитетот за Нобеловата награда, пратеници од различни земји можат да предложат кандидати за наградата.

Тој посочи дека Трамп ја заслужува Нобеловата награда за неговата дипломатска улога и потсети дека за време на неговиот прв мандат, САД обезбедувале воена помош за Украина.

Мережко додаде дека Трамп имал клучна улога во зајакнувањето на меѓународната коалиција против Русија и блокирањето на проектот за гасоводот Северен тек 2.

Според него, номинацијата на Трамп е можност да се изрази надежта дека неговиот иден мандат ќе се заснова на меѓународното право и принципите на ОН, а особено на „украинската мировна формула“ која може да помогне да се стави крај на војната.