Украински напад со беспилотни летала врз градот Ижевск, има жртви, објавија локалните власти

Украински беспилотни летала нападнаа една од компаниите во градот Ижевск (Удмуртија), вработените се евакуирани, но има жртви, соопшти регионалниот функционер Александар Бречалов.

Украински беспилотни летала нападнаа една од компаниите во градот Ижевск (Удмуртија), вработените се евакуирани, но има жртви, соопшти регионалниот функционер Александар Бречалов.

„Една од компаниите во Ижевск беше нападната со беспилотни летала (…) Сите служби за итни случаи излегоа на местото на настанот. Има жртви. Пожарникарите ги гаснат пожарите“, напиша Бречалов на својот Телеграм канал, пренесува новинската агенција Интерфакс.

Тој потврди дека, покрај службите за итни случаи, на местото на настанот излегле и психолози и друг медицински персонал. „На повредените им е пружена потребната медицинска помош“, објави Бречалов и потврди дека воздушниот сообраќај е ограничен на локалниот аеродром во Ижевск.

Руската новинска агенција објави дека утрото во 09:00 часот по московско време, на аеродромот во Ижевск се воведени привремени ограничувања за пристигнување и заминување на авиони.

Министерството за здравство на Удмуртската Република отвори телефонска линија за информации за жртвите, а Републичкиот центар за ментално здравје отвори телефонска линија за да им се помогне на граѓаните на Ижевск.