Украинската служба за итни случаи попладнево информираше дека украински воен авион со 14 лица се урнал јужно од Киев.
Службата соопшти дека „се уште одредува колку луѓе загинале“.
Инцидентот се случил на околу 20 километри јужно од Киев, по извештаите за напад на неколку локации низ градот.
Засега не е јасно дали авионот бил погоден од руски сили.