Украинскиот фудбалер Зинченко до Путин: Чудовиште, се надевам дека ќе умреш!

Влијателните спортски имиња во Украина со реакција по нападот на нивната татковина од страна на Русија. Се чини прв меѓу критичарите беше фудбалерот на Манчестер Сити – Александр Зинченко.

Тој на својот Инстаграм профил објави брутални зборови до претседателот на Русија – Владимир Путин.

„Се надевам дека ќе умреш во болки и ќе патиш, чудовиште“ – напиша Зинченко.

За краток период, објава на Зинченко беше избришана, а според англиските медиуми, платформата Инстаграм ја тргнала објавата на фудбалерот кој јавно порача дека е против војна.

„Целиот цивилизиран свет е загрижен за ситуацијата во мојата земја. Не можам да останам на страна и да не се обидам да го пренесам мислењето. Границите мора да останат непроменети. Мојата земја им припаѓа на Украинците и никој нема да може да ја присвои. Нема да се откажеме. Слава за Украина“ – напиша Зинченко.

И легендата на украинскиот фудбал, Андриј Шевченко порача дека Украина и нејзиниот народ сакаат мир!

„Украина е мојата татковина! Секогаш бев горд на мојот народ и на мојата земја! Поминавме низ многу тешки времиња, и во овие 30 години се оформивме како нација! Нација на искрени, работливи и слободољубиви граѓани! Тоа е најважното што го имаме!, рече Шевченко, споделувајќи слика од мапата на Украина и нејзиното знаме и грб.

Во следната порака, Шевченко рече дека Русија започнала целосна војна против Украина.

„Мојот народ и моето семејство се во опасност. Украина и нејзиниот народ сакаат мир и територијален интегритет“.

<blockquote class=”twitter-tweet”><p lang=”uk” dir=”ltr”>Рано вранці почалася повномасштабна війна ініційована Росією. Мій народ і моя сім&#39;я наражаються на небезпеку. Україна та її населення хочуть миру і територіальної цілісності. … <a href=”https://t.co/p5hDf2bfmY”>https://t.co/p5hDf2bfmY</a> <a href=”https://t.co/CAHASI4Z29″>pic.twitter.com/CAHASI4Z29</a></p>&mdash; Andriy Shevchenko (@jksheva7) <a href=”https://twitter.com/jksheva7/status/1496879871297044481?ref_src=twsrc%5Etfw”>February 24, 2022</a></blockquote> <script async src=”https://platform.twitter.com/widgets.js” charset=”utf-8″></script>