Украинскиот министер за одбрана – Олексиј Резников денеска информира дека за двата дена од руската инвазија врз Украина, убиени се над 3.000 напаѓачи, а повеќе од 200 војници се заробени.
„Повеќе од 55 часа отпор. Нашите бранители целосно ги уништија плановите на непријателот. До утринава се убиени повеќе од 3.000 руски окупатори. Заробени се повеќе од 200 напаѓачи. Бројот на затвореници се зголемува. Тие не очекуваа таков отпор и предавање“ – изјави Резников.
Министерот рече и дека се уништени стотици руски оклопни возила, меѓу кои и повеќе од 100 руски тенкови.
Со ракетните системи „Стингер“, додаде дека само вчера беа соборени 7 руски хеликоптери.