Рускиот воен брод „Адмирал Левченко“ гори во Баренцовото Море откако му се расипал моторот и се запалил, соопшти денеска Дмитро Плетенчук, портпарол на јужните одбранбени сили на украинската војска.
Плетенчук на Фејсбук напиша дека бродот со неколку стотици членови на екипажот е во тешка ситуација.
Тој додаде дека дефектот на моторот настанал поради санкциите воведени од Западот, кои ја спречиле руската морнарица да ги сервисира моторите произведени во Миколаев, Украина. Во тој пристанишен град биле изградени и опслужувани многу руски воени бродови од советската ера, пишува Киев Индепендент.
Украинската војска наведува дека од декември 2023 година, околу 30 отсто од руската црноморска флота е уништена.