Украинската контраофанзива во никој случај не е неуспешна, вели американскиот генерал Мили

Шефот на Генералштабот на американската армија, Марк Мили, тврди дека украинската контраофанзива во никој случај не е неуспешна.

Американската армија ги демантира изјавите дека украинската контраофанзива не успеала. Началникот на Генералштабот Марк Мили тврди дека тоа во никој случај не е така:

„Украинците напредуваат стабилно и одлучно“, рече Мили во американското Министерство за одбрана по онлајн-состанокот на Меѓународната контакт група за Украина, чија цел беше координација на воената помош. „Мислам дека претстојат уште многу борби и стојам на она што го кажавме претходно: ќе биде долго, ќе биде тешко, ќе биде крваво“.

Како причина за бавното напредување против руската армија Мили ја наведе областа минирана од напаѓачите. „Загубите што ги претрпеа Украинците во оваа офанзива не се должат толку на силата на руската авијација колку на минските полиња“, рече тој.

Американскиот министер за одбрана Лојд Остин увери дека сојузниците на Украина нема да се откажат од поддршката за неа. „Нашата работа продолжува и ќе направиме сѐ што можеме за да се осигураме дека Украинците можат да бидат успешни“, изјави тој.