Украинската армија тврди дека во Брјанската област погодила магацин со севернокорејско оружје
Генералштабот на украинската армија соопшти дека во синоќешниот напад врз руската Брјанска област погоден е магацин во кој било складирано оружје од Северна Кореја.
Руските власти потврдија дека во Карачевската и Брјанската област е прогласена вонредна ситуација поради детонации.
Претходно, руската армија соопшти дека во текот на ноќта собори 47 украински дронови, од кои 24 над Бријанска област, која граничи со Украина.
Русија речиси секојдневно известува дека уништила украински беспилотни летала над нејзина територија. Киев ги признава нападите, чија цел често се енергетски инсталации, како одговор на руското бомбардирање на Украина, што трае повеќе од две години.