В.С.(45) од Украина е уапсен во Црна Гора под сомнение дека малтретирал дете.
Според полицијата, се сомнева дека В.С., кој живее во Подгорица, сексуално вознемирувал 13-годишна малолетничка од август 2023 година до 25.06.2024 година, односно моментот на пријавувањето.
„За настанот е известен обвинителот при Вишото државно обвинителство во Подгорица, по чија наредба е лишен од слобода В.С.“ – се додава во соопштението.