Украина ќе нарача 27 системи „Патриот“ од САД

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски најави дека Киев планира да нарача 27 системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ од американски производители, со цел да ја зајакне одбраната на земјата.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски најави дека Киев планира да нарача 27 системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ од американски производители, со цел да ја зајакне одбраната на земјата.

Тој во интервју за Гардијан истакна дека европските земји би можеле да му ги испратат на Киев системите „Патриот“ што ги имаат.

Зеленски истакна дека рускиот претседател Владимир Путин наредува „терористички напади“ врз енергетскиот систем на Украина, во кои гинат цивили и ги остава луѓето без електрична енергија и вода.

– Тој не може да создава тензии во нашето општество на кој било друг начин, потенцира Зеленски.

На прашањето дали Европска Унија и Велика Британија прават доволно за да ѝ помогнат на Украина пред зимата, Зеленски одговори дека „никогаш не е доволно“ и оти ќе има доволно помош кога тоа ќе доведе до завршување на војната.

Зеленски наведе и дека одлуката за распоредување трупи на ЕУ во Украина е избор на земјите-членки и дека ако Киев инсистира премногу, постои ризик од губење на „финансиска и воена поддршка“ од партнерските земји.