Украина ја покани Кина да присуствува на мировниот самит во Швајцарија

Првиот заменик министер за надворешни работи на Украина за време на денешната посета на Кина го повика Пекинг да испрати делегација на планираниот мировен самит за Украина закажан за 15 и 16 јуни во Швајцарија.

Украинскиот дипломат се надева, пренесува Ројтерс, дека се уште е можно да се убеди Кина да присуствува на овој самит.

Русија не беше поканета да учествува на овој состанок, а официјален Пекинг претходно најави дека ќе се држи настрана, објаснувајќи дека присуството на двете завојувани страни е предуслов за каква било суштинска мировна конференција.