Украина тврди – убиен уште еден руски генерал

Генералштабот на украинската армија објави дека руски генерал е убиен во украинскиот град Чернобаевка, по артилериски напад.

Според тврдењата на украинската страна, убиен е генерал-полковник Андреј Мордвичев, командант на 8-та армија на Јужниот воен округ на Оружените сили на Руската Федерација.

Информација не е потврдена, а ја објави украинската армија на официјалниот профил на Твитер.

Според Украинците, ова е петти руски генерал кој загинал за нешто повеќе од 20 дена војна.

Пред само 3 дена Украина објави дека го убила генерал-мајор Олег Митјаев за време на интензивните борби во предградие на југоисточниот град Мариупол.