Украинските сили успешно ги погодија десантните бродови Јамал и Азов, комуникациски центар и неколку инфраструктурни објекти на руската Црноморска флота во Севастопол, соопшти утринава Дирекцијата за стратешки комуникации на вооружените сили на Украина, пренесоа украинските медиуми.
Гувернерот на Севастопол, Михаил Развозаев синоќа соопшти дека едно лице загинало, а четворица се повредени во ракетен напад на украинските сили врз Севастопол.
Развозаев изјави дека биле соборени повеќе од 10 украински проектили.
Руските медиуми јавуваат дека сообраќајот на мостот на Крим синоќа бил два пати запрен.