Најмалку три лица загинаа во источниот украински град Костијантинивка како резултат на руски артилериски оган, соопшти регионалната украинска воена администрација.
Како што пренесе ДПА, загинатите се мажи на возраст меѓу 24 и 69 години. Администрацијата го повтори повикот до жителите да се евакуираат од градот, кој се наоѓа во областа Доњецк, северно од градот Доњецк окупиран од Русија.
Во артилерискиот напад утрово бил погоден станбен блок, управна зграда, продавници, автомобили и кабли за струја, соопштија властите.
Костијантинивка се смета за стратешки важна и е под постојани руски напади.
Руското Министерство за одбрана во Москва извести дека руските сили го зазеле селото Калинове, без да даде дополнителни информации. Во регионот има неколку села со ова име, а од украинска страна засега нема потврда.