Украина: Русите напредуваат на исток, се водат жестоки борби

Руските војници напредуваат на четири фронта во источна Украина во услови на жестоки борби, напиша денеска на социјалните мрежи заменик-министерката за одбрана на Украина, Хана Малиар.

Таа накратко додаде дека украинските војници напредуваат во една источна и две јужни области.

Според тврдењата на руските медиуми, силна експлозија е регистрирана во близина на воениот аеродром на југот на Русија. Наводната експлозија се случила во приморскиот град Приморско-Ахтарск во руската Краснодарска територија.

Се вели дека руската противвоздушна одбрана соборила проектил кој се упатил кон областа.

Според началникот на Краснодарската област, нема повредени или материјална штета. Украинскиот советник Антон Герашченко објави видео на Твитер на кое наводно се гледаат последиците од експлозијата.