Премиерот на Украина, Денис Шмихал денеска во Берлин изјави дека Киев очекува да добие пет милијарди евра макрофинансиска помош од Европската Унија следните недели.
„Помошта од ЕУ ќе придонесе за стабилност на украинската економија, армија и претстојната грејна сезона“ – објави Шмихал на Телеграм пред средбата со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер.
Украинскиот премиер истакна и дека Германија есенва ќе и достави на Украина софистицирани системи за воздушна одбрана.
Шмихал вчера допатува во Берлин, а денеска покрај средбата со Штајмајер предвидено е да се сретне и со германскиот канцелар Олаф Шолц.