„Украина не смее да биде продадена во мировните преговори со Русија“. Ова е изјаава на министерката за надворешни работи на Велика Британија – Лиз Трас.
„Мораме да обезбедиме идните разговори да не завршат со продажба на Украина или со повторување на грешките од минатото“ – рече Трас пред британските пратеници и потсети на „непријатната спогодба од 2014 година, која не успеа да обезбеди трајна безбедност за Украина“.
„Путин штотуку се врати по повеќе. Затоа не можеме да дозволиме да извлече победа од оваа страшна агресија“ – рече таа.