Украина не се предава: Битката за Севернодоњецк ја решава судбината на Донбас

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека битката за Северодонецк ќе ја реши судбината на Донбас.

Според зборовите на украинскиот претседател Володимир Зеленски, битката за Северодонецк ќе ја реши судбината на Донбас, пренесува „Гардијан“.

Имено, регионалните лидери во Украина претходно изјавија дека украинските сили биле турнати во предградието на клучниот град на линијата на фронтот во услови на тешки борби таму и во селата на фронтот на југ, додека Русија се обидувала да навлезе во Донбас.

Сергеј Гајдаи, гувернерот на Луганск, изјави дека поголемиот дел од градот сега е во руски раце и дека веќе не е можно да се спасат цивилите кои останале таму.

“Нашите сили сега ја враќаат контролата само на периферијата на градот. Но борбите се уште траат, нашите сили го бранат Северодонецк. Невозможно е да се каже дека Русите целосно го контролираат градот”, изјави гувернерот Гајдаи.

Претседателот на Украина ги потврди информациите дека се водат тешки битки и дека битката за Северодонецк ќе ја реши судбината на Донбас.

„Таму се решава судбината на Донбас“, рече Зеленски. Според неофицијални информации, се проценува дека во Северодоњецк и соседен Лисичанск останале околу 15.000 цивили. Тоа е претежно постарата популација.