Антон Герашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи, на Твитер ја спореди посетата на Путин на окупираниот Мариупол со Хитлеровата посета.
„Друг диктатор го посети Мариупол. Знаеме како заврши неговата приказна. Многу историчари и современици тврдат дека токму тука Хитлер за првпат сфатил дека војната е изгубена“, изјави Герашченко.
За потсетување, рускиот претседател Владимир Путин денеска беше во непланирана посета на Мариупол и тоа ќе биде прво патување на лидерот на Кремљ на териториите на украинската област Доњецк под руска окупација од почетокот на војната.
Посетата дојде откако Путин вчера ненајавено патуваше на Крим за да ја одбележи деветгодишнината од руската анексија на полуостровот, и само два дена откако Меѓународниот кривичен суд издаде налог за негово апсење.
Another dictator also visited Mariupol once. We know how his story ended.
📷: Hitler visiting Army Group South HQ at Mariupol, Ukraine in December 1941.
“Many historians and contemporaries claim that it was here that Hitler first realized the war was lost” – WarHistoryOnline pic.twitter.com/jcWUjyxLzG
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) March 19, 2023