
Украина и Русија повторно разменија воени заробеници
Украина и Русија денеска уште еднаш разменија воени заробеници со согласност со договорот постигнат во Истанбул
Украина и Русија денеска уште еднаш разменија воени заробеници со согласност со договорот постигнат во Истанбул.
Ниту Киев ниту Москва не соопштија колку воени заробеници разменија.
На втората рунда директни преговори во Истанбул, Русија и Украина се согласија да ослободат најмалку по 1.200 повредени заробеници и војници помлади од 25 години и да вратат илјадници тела на загинати војници.