Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги соопшти очекувањата на неговата земја во пресрет на клучниот самит на НАТО во Вилнус. Според него Украина „де факто веќе е во алијансата.
Војната на Русија во Украина ќе биде на врвот на агендата на членките на НАТО.Тие се очекува да се фокусираат на обезбедување поддршка за Украина сè додека трае конфликтот, како да ја доближат земјата уште поблиску до Алијансата и да се разгледаат безбедносни гаранции за Киев за да се осигура дека Русија нема повторно да изврши инвазија по завршувањето на војната.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков на прес-конференција изјави дека евентуалното членство на Украина во НАТО ќе има „многу, негативни последици“ за европската безбедност и ќе бара „разбирлива реакција“ од Русија.
Го знаете целосно јасниот и конзистентен став на Руската Федерација дека членството на Украина во НАТО ќе доведе до многу негативни последици за веќе полууништената безбедносна архитектура во Европа и ќе претставува закана за нашата земја… Ќе биде потребна доволно разбирлива и цврста реакција, посочи Песков.