Украина: Денеска Русија планира да изврши провокација во нуклеарната централа Запорожје

Украинската воена разузнавачка служба смета дека Русија денеска планира „провокација“ во нуклеарната централа Запорожје.

„Окупаторите најавија неочекуван „слободен ден“ во нуклеарната централа Запорожје. На 19 август во СИ Запорожје ќе има само оперативен персонал. Влезот за сите други вработени ќе биде затворен“ – соопштија од украинската разузнавачка служба.

Киев ја обвини Москва, чии сили ја зазедоа нуклеарната централа во март, дека ја користи како штит од кој може да гранатира украински цели. Москва вели дека Украина е таа што го гранатира објектот, најголемиот нуклеарен реактор во Европа.

„Заштитниот систем е подигнат на повисоко ниво, не можам да откријам детали. Очекуваме денеска да бидеме целосно подготвени бидејќи од режимот на Зеленски се може да се очекува“ – изјави претставникот на регионалната администрација Владимир Рогов.

Сепак, Киев тврди дека руските сили го гранатирале објектот.

Нуклеарната централа Запорожје се наоѓа на левиот брег на реките Днепар, во близина на градот Енергодар. Таа е најголемата нуклеарна централа во Европа по број на единици и капацитет. Станицата има шест енергетски блокови VVER-1000, секој со капацитет од 1 гигават.

Електраната од март ја чува руската армија.