Руската армија синоќа над Крим уништи 38 беспилотни летала на Вооружените сили на Украина, соопшти денеска Министерството за одбрана на Русија.
Претходно Министерството соопшти дека се уништени четири украински беспилотни летала над регионот Белгород и еден над Ленинградската област, пренесува Интерфакс.
Мостот на Крим беше затворен за сообраќај два часа.
Од почетокот на нападот на Украина во февруари 2022 година, Русија речиси секојдневно најавува напади со украински беспилотни летала на границата и централните области, како и на Крим.