Украина ги отфрли руските наводи дека украинските сили би можеле да активираат радиоактивна направа и ја обвини Русија дека планира да изврши таков чин a потоа да ја обвини Украина.
„Руските лаги за Украина која наводно планира да употреби „валкана бомба“ се исто толку апсурдни колку што се опасни“, напиша на Твитер украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на неговото ноќно обраќање во неделата рече дека Русија е единствената во регионот способна да користи нуклеарно оружје.
„Ако Русија се јави и каже дека Украина наводно подготвува нешто, тоа значи едно: Русија веќе го подготвила сето ова“, рече Зеленски. „Верувам дека сега светот треба да реагира на најстрог можен начин.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека министерот за одбрана Сергеј Шојгу во неделата изразил загриженост до своите колеги од САД, Велика Британија, Франција и Турција за „можните украински провокации кои вклучуваат „валкана бомба“.