„Украина во јуни ќе добие кандидатски статус за во ЕУ“

Вицепремиерка задолжена за европска и евроатлантска интеграција на Украина – Олга Стефанишина изјави дека очекува Украина во јуни да добие кандидатски статус за членство во ЕУ. Таа истакна дека нејзината земја е подготвена брзо да продолжи со својата кандидатура за членство во ЕУ.

Изјавите на Стефанишина доаѓаат еден ден откако претседателката на Европската комисија – Урсула фон дер Лајен вети брз одговор на барањето на Украина за членство во Унијата. Таа на прес-конференција со Зеленски му врачи прашалник кој ќе претставува почетна точка за одлука за членство.

„Тоа нема да биде, како и обично, прашање на години да се формира ова мислење, туку мислам дека ќе биде прашање на недели. Почитуван Володимир, мојата денешн порака е јасна: Украина припаѓа на европското семејство. Го слушнавме вашето барање, гласно и јасно“ – додаде Фон дер Лајен.