Социјалните мрежи „горат“ од фотографии од уништени, украдени и фрлени електрични тротинети на турската компанија „BinBin“, која на ЈП „Градски паркинг“ му изнајми 500 електрични тротинети за жителите на Скопје.
Судејќи според односот на граѓаните кон тротинетите, се чини дека овој проект брзо ќе замине во историјата.
На социјалните мрежи се споделуваат фотографии од оштетените и фрлени тротинети, па дури и од граѓани кои ги фотографирале, мислејќи дека некој ги изгубил.
Некои пак завршија и во контејнери.