Укинат е притворот на актерот Жерар Депардје обвинет за сексуални напади
Францускиот актер Жерар Депардје утринава бил повикан на сослушување по обвиненијата за сексуален напад, а потоа бил испратен во притвор во Третото одделение на париската полиција, за да му биде укинат притворот доцна попладнево, соопшти париската полиција.
Две жени го обвинија Депардје за сексуални напади за време на двa различни филмски сета: првиот пат во 2014 година, а вториот пат во 2021 година, пишува парискиот весник Фигаро.
Првиот извештај е поднесен од 24-годишна асистентка на филмски сет во 2014 година.