Укинати забраните за движење на камиони на патните правци Гостивар – Стража – Кичево и Крива Паланка – ГП Деве Баир

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива тековно и непречено во зимски услови по влажни коловози.

– Од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта информираат дека во 06:30 часот е укината забраната за тешки товарни возила за патниот правец Гостивар – Стража – Кичево, а во 08:00 часот и забраната за тешки товарни возила за патниот правец Крива Паланка – ГП Деве Баир – соопшти утрово директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта велат дека дежурните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни, воедно апелираат до возачите на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.