УКИМ на 1.990-то место од 2.000 најдобри универзитети во светот

Државниот универзитет „Свети Кирил и Методиј“ – (УКИМ) е рангиран на 1.990-то место на листата на 2.000 најдобри универзитети во светот за 2024 година од страна на Центарот за рангирање на светски универзитети (CWUR).

УКИМ е на истата позиција од минатогодишното рангирање и се уште е единствениот македонски универзитет кој се наоѓа на рангирањето на CWUR.

Во 2022 година најголемиот државен универзитет беше рангиран на 1.964 место, a во 2021 година пак 1.918 место.

Петте најдобро рангирани универзитети во светот, според листата на CWUR, се универзитетите Харвард, МИТ, Стенфорд (од САД), Кембриџ и Оксфорд (Велика Британија).