Проф. д-р Узунов: Ако нема реформи, нема да има ниту пари од Планот за раст
-Не да има шанса, туку сигурно ќе се случи. Не некоја држава, туку може некоја централноафриканска држава да ги собере парите. Нема повеќе – „по дефиниција припаѓам во Европа мора да ми дадете пари“. Не, немаш реформи, нема пари. Седи си во сиромаштија па доколку научиш како се прават реформи ќе добиеш, нагласи Узунов.
Ако Северна Македонија не ги спроведува реформите, постои можност и да остане без пари од Планот за раст за Западен Балкан, оценува професорот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ.
-Парите ни оддалеку не се најважната работа. Не е до парите, парите се нешто што треба да дојде на крај. Проблемот е, и во она кај што заостануваме е во неспроведување на реформите. А тие не зависат од никој туку зависат од нас. Не може никој да не спречи ако сакаме да ги направиме реформите. Тоа треба да го направиме. Слушам дека има политичка волја. Е сега е време од искажување политичка воја да се премине на конкретна акција и конкретни остварувања, вели Узунов во изјава на медиуми по настанот „Унапредување на регионалната соработка: Патот кон Заеднички регионален пазар и ЕУ интеграција на Западниот Балкан“, во организација на Институтот за европска политика (ЕПИ).
Според него, ако не ги исполнуваме реформите, постојат шанси и други држави да ги земат парите.
-Не да има шанса, туку сигурно ќе се случи. Не некоја држава, туку може некоја централноафриканска држава да ги собере парите. Нема повеќе – „по дефиниција припаѓам во Европа мора да ми дадете пари“. Не, немаш реформи, нема пари. Седи си во сиромаштија па доколку научиш како се прават реформи ќе добиеш, нагласи Узунов.
Потенцира дека значењето на регионалниот пазаер е многу големо, дури и огромно.
-Проблемот е што ние воопшто не ги користиме сите можности. Бидејќи најнормално во меѓународните економски односи е дека секоја држава да има најголем дел од размената со своите непосредни соседи и тоа за нас е регионот на Западен Балкан. Ние тука извезуваме и од тој регион увезуваме, меѓутоа многу помалку отколку што би биле можностите, рече Узунов.
Потсети дека Берлински процес се одвива десет години и ги она што го постигна е што ги натера државите да ги тргнат да ги бариерите што ги воспоставија на почетокот пред да почне процесот.
-Ние бевме единствен паззр во поранешна Југославија па се одвовивме, па направивме секакви бариери од царински до нецарински и се одвовиме секој за себе, и сега требаше некој од Германија да дојде и да не научи и да не натера полека, полека да ги тргнеме бариерите за меѓусебна размена и движење на стоки, услуги и капитал… Тоа е до сега постигнато. Десет години се работеше на тој институционален сетап на Берлинскиот процес. Трговијата во меѓувреме се зголеми внатре во регионот, меѓутоа не доволно. Е сега периодот што треба да следи не зависи од никој друг, веќе немаме критериум што веќе трет ни ги поставил и треба туку зависи од нас. Секој од владите и секој од бизнисите, да почнеме да соработуваме регионално многу повеќе отколку што сме направиле до сега, потенцира Узунов.
Истакна дека остана уште една бариера, а тоа е структурата на економиите.
-Ние се повеќе со текот на времето станавме конкуренти едни на други, произведуваме во голем дел слични производи. Е сега треба да почнеме сите економии, Македонија пред се, прво со структурни промени ако сака да го избегне оној резултат што го кажа Светска банка минатата недела дека ќе бидеме последни по стапката на раст. Значи не се потребни кадровски промени, туку се потребни структурни промени во економијата, да почнат нашите претпријатија да произведуваат производи со поголема додадена вредност имајќи го регионот на Западен Балкан во контекст, бидејќи така потенцијалите се поголеми и стапката на раст биде поголема, нагласи Узунов.
Додаде дека регионот има многу поголем потенцијал од тој што го користи, како што кажа според него, многу повеќе од десет отсто.
-Она што треба е да престанеме да се гледаме како национални економии во смисла на економии ограничени во своите државни граници, туку најмалце како регионална економија. Нешто како единствен пазар. Ние во поранешна Југославија пак си бевме секој своја нација, но пазарот беше единствен и за сите беше подобро, така што тоа треба да го вратиме назад, рече Узунов.
На 11 октомври земјите-членки на ЕУ ги одобрија реформските агенди за петте земји од Западен Балкан, со цел тие да добијат право да добијат финансиски средства од Европскиот план за раст на регионот. Северна Македонија треба да ја добие првата транша од седум отсто – 52,5 милиони евра, а според еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји, првите исплати за земјите треба да пристигнат уште овој месец.