Ужас во Сараево: Пијани малолетнички ја задавиле својата баба

Во Сараево е убиена постара жена, а за убиството се осомничени нејзините малолетни внуки, дознава Avaz.ba

Порталот наведува дека полицијата уапсила и малолетник кој се наоѓал на местото на злосторството. Неговиот адвокат тврди дека тој не учествувал во убиството.

Според првичните сознанија, малолетниците наводно, заедно конзумирале алкохол и дошло до расправија меѓу малолетничките и старицата, после што тие ја задавиле. Иако на почеток се мислело дека се работи за природна смрт, по обдукцијата е утврдено дека старицата била убиена.