Извлечени се тела на жена и дете од реката Миљацка во Сараево!
Станува збор за средовечна жена кај која било пронајдено дете на возраст од околу 4 години. Лекарите констатирале смрт на лице место.
– Полицијата вечерва нешто пред полноќ добила дојава дека во коритото на река во Миљацка, во месноста Бентбаша, е пронајдено тело. Патролата која излегла на терен ги потврдила наводите од пријавата. На терен се испратени припадници на полицијата, пожарникари, брза помош и ГШС. Телото на средовечна жена е извлечено во 01 часот и 30 минути, заедно со телото на дете до 4 години. Лекарите констатирале смрт на лице место – соопштија доцна синоќа од локалната полиција.
Локалните медиуми јавуваат дека според информациите достапни во моментот, на телата нема видливи повреди.
Телата се пренесени во обвинителството.
Полициските службеници под надзор на обвинител продолжуваат да работат на расветлување на сите околности на овој настан.