Најмалку 16 лица загинаа во сообраќајна несреќа во југоисточна Турција, во која учествувале автобус, брза помош, противпожарно возило и пријавено возило.
Сообраќајната несреќа се случила на автопатот меѓу Газиантеп и Низип.
Повредени се 22 лица, во двојниот судар, а меѓу загинатите има двајца новинари, четворица здравствени работници и тројца пожарникари, соопштија локалните власти. Повредените се пренесени во блиските болници, а на местото на несреќата излегле спасувачки екипи и екипи на брзата помош. Истрагата за утврдување на причините за несреќата е во тек.
– Според прелиминарните сознанија, автобусот удрил во здравствени, пожарникарски и полициски екипи кои помагале во сообраќајна несреќа на излетан автомобил на автопатот Газиантеп Низип. Вкупно 15 граѓани загинаа, меѓу кои двајца здравствени службеници, двајца репортери од новинската агенција ИХА, тројца пожарникари и осум патници – кажа министерот за внатрешни работи на Турција, Сулејман Сојлу.
Како што пренесуваат турските медиуми, по првичната несреќа во која учествувал минибус пристигнале спасувачките служби на местото на несреќата, а потоа во нив удрил патнички автобус, кој се превртел и се лизгал 200 метри при што удрил во возилото на брзата помош и медиумските екипи. Двајцата новинари кои загинале биле вработени во новинската агенција ИХА.