УЕФА со казна од 10.000 евра до ФФМ поради свирежите на химната на Бугарија

УЕФА донесе одлука околу случајот со свиркањето на бугарската химна на стадионот во Скопје на натпреварот со Бугарија одигран на 26 септември.

Минатиот месец се играше квалификацискиот натпревар против Бугарија во Скопје, а од трибините се слушаа само свирежи кон интонирањето на химната на гостите.

Веројатноста дека ФФМ ќе добие казна беше очигледна, а сега тоа е и потврдено.

Фудбалската федерација на Македонија ќе мора да плати 10.000 евра глоба, поради недоличното однесување на домашната публикако како што им навеле во соопштението упатено до ФФМ.

Бугарија победи со 1:0 на ова гостување во Скопје.