Увозот на струја драстично намален

Увозот на струја е намален од 30 на 13%, а се инвестира во обновливи извори за да се намаат трошоците.

Над 500 лиценци за централи за произодство на струја од обновливи избори издала регулаторната комисија во текот на изминатава годинаи половина. Како што соопштуваат од РКЕ од јануари 2022 до 30 јуни 2023 година издале лиценци на 545 централи за производство на електрична енергија од обновливи извори со вкупна инсталирана моќност од скоро 270 мегавати – MW.

Од таму укажуваат дека со инсталираниот капацитет може да се задоволат потребите на над 104 илјади домаќинства со просечна потрошувачка на енергија од 13 градови од државава: Охрид, Тетово, Кратово, Крушево, Крива Паланка, Св. Николе, Ресен, Дојран, Дебар, Виница, Струга, Неготино и Гевгелија.

– За шест месеци РКЕ издаде лиценци на 278 централи, што е поголем број од централите што се стекнале со лиценци во 2022 година. Интересот кај компаниите е со зголемен интензитет, што се гледа и по бројките кои ги објавуваме и затоа се регистрира намален увоз на електрична енергија од 13 проценти годинава, за разлика од традиционалните 30 отсто – изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.