Убиство пред полициска станица во Атина – го пријавила партнерот за насилство, ја избодел до смрт

Синоќа во Атина 28-годишна жена била избодена до смрт пред полициската станица Агиос Анаргири од страна нeјзиниот поранешен партнер.

Според грчките медиуми, таа отишла да го пријави, кога тој одеднаш се појавил и почнал да ја боде. Младата жена раскрварена се приближила до вратата од полициската станица, а потоа починала.

Веднаш потоа напаѓачот си нанел убоди со нож и е пренесен во болница.

– Полицијата воопшто немаше време да направи ништо. Ја избодел кога излегла од полициското одделение, а потоа се прободел во вратот и бил фатен од полицијата, изјавил за Прототема сведок на инцидентот.

Според последните информации, девојката која во 2020 година побарала заштитни мерки од човекот кој по 4 години ќе стане нејзин убиец, во понеделникот вечерта со пријателка отишла во полициска станица.

Таму, според истите информации, девојката не поднела пријава, туку наводно и рекла „Се плашам“ на дежурната службеничка и побарала патролно возило за да ја однесе дома.

Но, според она што наводно го сведочела полицајката, таа ги известила 28-годишната и нејзината пријателка дека нема полициско возило на располагање и затоа им предложила да се јават на бројот за итни случаи 100.

Меѓутоа, кога 28-годишната излегла од полициската станица и додека, според информациите се јавила на бројот 100, го добила убиствениот напад од нејзиниот поранешен партнер, а операторот на итната линија слушнал што се случило пред полициската станица.

Мажот со мотор и пришол на девојката и потоа таа почнала да трча кон одделот, односно назад на безбедно место за да се спаси.

39-годишникот ја бркал, ја стигнал и ја убил.