Убиство во Старата чаршија за време на новогодишната ноќ

Едно лице e убиено, а друго се здоби со тешки телесни повреди при инцидент што се случил во скопската Стара чаршија, потврди министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Според него, жртвата е турски државјанин, а кривичното дело било извршено со остар предмет.

-Имаме едно лице кое е починато и едно лице со тешки телесни повреди. И убиството и тешката телесна повреда се извршени со остар нож. Постојат осомничени лица, но во овој момент не можам да изнесам повеќе детали, бидејќи едно од нив е во бегство – изјави Тошковски.

Министерот посочи дека во настанот учествувале повеќе лица и дека сите инволвирани биле странски државјани.

Покрај убиството, во текот на новогодишната ноќ во Скопје биле регистрирани и седум лица повредени при употреба на пиротехнички средства.

Во истиот период на територијата на главниот град се случиле вкупно 23 сообраќајни несреќи, од кои две завршиле со тешки телесни повреди.