Најмалку три лица загинаа, а двајца се ранети кога маж кој бил избркан од зграда во Хјустон, Тексас пукал врз другите станари.
Полицијата одговорила и го убила напаѓачот, пренесе „АП“.
Инцидентот се случил утринава во индустриско-станбена населба во југозападниот дел на Хјустон.
Сè започнало кога вооружен маж отворил оган врз другите жители додека го напуштале домот, изјави началникот на полицијата – Трој Фајнер.
Две лица починале на лице место, а третото лице починало во болница, пренесуваат медиумите.