Убиен шведски државјанин во Сараево – водач на нарко мрежа во Шведска

Во сараевската населба Штуп вчера е убиен шведскиот државјанин Харис Остердал, кој е познат по бројни криминални дејствија, а се вели дека бил и водач на нарко мрежа во Шведска, јавуваат сараевските медиуми.

Пукањето се случило околу 16 часот и 30 минути, кога двајца мажи на велосипед испукале рафал кон него.

Во таа прилика бил повреден и државјанин на БиХ.

Напаѓачите имале ранец, во кој ги собрале паднатите чаури и многу брзо побегнале од местото на пукањето.

Од полицијата потврдија дека едно лице е убиено, а се утврдува степенот на повреди на уште едно лице.

Полицијата блокираше дел од населбата, а потрагата по напаѓачите е во тек.