Полицијата информира дека 22-годишник од Струмица синоќа е убиен во тепачка меѓу две семејства што се случила во Турското маало на улицата „Бетовенова“ во градот под Беласица, а еден шеснаесетгодишен малолетник е повреден, како и две жени.
Потврда дојде од директорката на струмичката болница, Катерина Кузмановска, која информираше дека момчето било прободено и било донесено мртво во болницата, додека повредените се надвор од животна опасност.
Според портпаролката на СВР Струмица – Александра Трајанова, пријавен e инцидент, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Од полицијата повеќе информации за настанот најавуваат за денеска.