Убиено четиричлено семејство во Англија

Маж и жена се пронајдени мртви заедно со две мали девојчиња во куќа во Норфолк, Англија, соопшти тамошната полиција, а пренесува Скај њуз.

Мажот и жената починале од убодни рани во пределот на вратот, додека точната причина за смртта на девојчињата се уште се утврдува, соопшти полицијата.

Во петокот наутро, полициските службеници ги пронашле телата на 45-годишниот Бартоломеј Кучински и двете девојчиња, за кои се верува дека се негови ќерки. Заедно со нив е пронајдено и телото на 36-годишна жена, за која постои сомневање дека била дел од исто семејство.

Потврдено е и дека мажот и жената имаат убодни рани во пределот на вратот, а инспекторите засега не известуваат никого надвор од семејството во врска со смртните случаи. Обдукцијата на двете девојчиња ќе биде извршена подоцна.

Инаку, полицијата не излегла веднаш на терен, туку дури откако видела дека од дадената адреса е остварен итен повик, на кој никој не се јавил.

Главниот инспектор Крис Бургес, кој ја води истрагата, рече: „По овие случувања, единствено сме задоволни што никој друг не бил вклучен во инцидентот“.

„Оваа најнова информација само ќе ја зголеми вознемиреноста и шокот што го чувствуваат членовите на локалната заедница и затоа од самиот почеток сме решени да спроведеме темелна и методична истрага за целосно да разбереме како се случил овој инцидент“, рече инспекторот.