Во борбите во Украина кои започнаа на 24. февруари заклучно со денеска убиени се околу 21.600 руски војници, јавуваат украинските власти. Досега
Генералштабот на Украина објави податоци за загубите на руската армија во периодот од 24. февруари до 23. април.
Оттаму изјавија дека во тој период биле уништени 177 авиони, 154 хеликоптери и 854 руски тенкови.
Информациите од официјален Киев се дека уништени се 2.205 оклопни возила, 403 топови, 143 ракетни системи и 182 беспилотни летала.
Досега најмалку 2.435 цивили се убиени, а 2.946 се ранети во Украина од почетокот на војната, според проценките на Обединетите нации.
Реалните бројки најверојатно се многу поголеми.