Убиени две жени во Загреб
Утрово имало пукање во Загреб во кое е убиена жена.
Потоа во друг дел од градот било пронајдено тело на уште една жена.
Телото на жената е пронајдено на загрепска Трешњевица, соопшти полицијата.
Истрагата е во тек, а полицијата наведува дека смртта на жената е последица на кривично дело.
Покрај тоа, рано утринава во пукотница е убиена една жена.
„Денеска, 5 април, околу 07:25 часот во месноста Максимир, маж испукал истрел од огнено оружје во стан при што повредил член на семејството. Полициски службеници ја извлекле повредената жена од станот, и била укажана лекарска помош. Осомничените се под полициски надзор“, соопштија од полицијата.
Како што подоцна беше соопштено од Јавното обвинителство на Загреб, жената починала во болница.