Украинската крајнодесничарска политичарка и поранешна пратеничка Ирина Фарион почина во болница од повредите здобиени во атентатот, откако непознат напаѓач ја застрелал пред куќата во која живеела, објави на Телеграм градоначалникот на Лавов, Андриј Садови, пренесува Укринформ.
Нападот врз поранешен пратеник и професор по украински јазик на Националниот универзитет во Лавов е класифициран како обид за убиство, а истрагата за злосторството е во активна фаза, објави украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко.
Непознат маж пукал во Фарион вчера во 19:30 часот по локално време, а потоа побегнал од местото.