Уапсен шверцер на мигранти, пронајдени шест лица од Египет и Алжир

Полицијата уапси жител на Турција, кој превезувал шест мигранти, по тројца од Египет и Алжир, соошти денеска МВР.

Полицијата уапси жител на Турција, кој превезувал шест мигранти, по тројца од Египет и Алжир, соошти денеска МВР.

– Вчера, околу 21.30 часот. на бензинска пумпа на автопатот Скопје – Куманово, полициски службеници го лишија од слобода О. К. (33) од Турција затоа што со возило „шкода“, со косовски регистарски ознаки, превезувал шест лица мигранти, тројца од Египет и тројца од Алжир – соопшти МВР.

Претходно, како што наведуваат на наплатната станица Романовце, тој не застанал на даден знак од полициските службеници, но по преземените мерки, возилото е пронајдено.

О. К. бил лишен од слобода и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.