Уапсен турчин поради фалсификување на зелена карта

На 15.04.2023 во 07.00 часот на Граничен премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода Д.А.(31) од Република Турција затоа што при пасошка контрола и проверка на увид приложил фалсификувана меѓународна зелена карта, информираат од МВР.

Тој бил задржан во Полициската станица Крива Паланка и против него била поднесена кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. Од Основен суд Крива Паланка на лицето му била изречена условна казна затвор од три месеци доколку во период од две години не изврши ново кривично дело, изјавија за Прес24 надлежните служби на МВР.