Уапсен синот на атентаторот на Трамп поради детска порнографија
Синот на човекот кој се обиде да го убие поранешниот претседател Доналд Трамп на неговиот терен за голф на Флорида, денеска е уапсен под обвинение за детска порнографија, според судските записи.
Оран Александар Рут е обвинет за две кривични дела од доменот на детска порнографија.
Според тужбата, агентите на ФБИ извршиле претрес во домот и уредите на Оран Рут на 21 септември, неколку дена откако неговиот татко бил уапсен „во врска со истрага која не е поврзана со експлоатација на деца“.
Извор запознаен со истрагата изјави за Си-Ен-Ен дека претресот бил спроведен како дел од истрагата против Рајан Весли Рут.
Според судските документи, иследниците пронашле „стотици датотеки со детска порнографија“ на мемориската картичка на еден од уредите на Оран. Агентите откриле и разговори на уреди за кои тврделе дека припаѓаат на Оран Рут, во кои поединецот рекламирал продажба на детска порнографија на Интернет.
Обвиненијата против Оран Рут беа поднесени во Северна Каролина, каде што истражителите велат дека тој живее.