Уапсен поранешниот градоначалник на Сараево
Уапсен е поранешниот градоначалник на Сараево поради сомнение дека ја злоупотребувал својата положба додека бил во позиција на градоначалник.
Абдула Скака e приведен во просториите на МВР на кантонот на Сараево, каде што дал изјава, по што е и уапсен.
Поранешниот градоначалник на Сараево е уапсен во акцијата „Визионер“, која е актуелна во повеќе општини во главниот град на Босна и Херцеговина, поради сомнеж дека сторил повеќе кривични дела – злоупотреба на положбата, фалсификување службени исправи, како и поткуп.
Кантоналното обвинителство врз ознова на повеќе извештаи од изминативе години, отвори неколку случаи против Скака.
Неговото име е поврзано со многубројни сомнежи за наместени тендери и скандали.
Според извештај што е поднесен во април минатата година од градоначалничката на Сараево, Бенјамина Кариќ, за тек на работата на градската управа каде што раководел Абдула Скака, според инспекторот се забележани и утврдени незаконитости и криминални дејствија на таа градска управа.