Поранешниот кошаркар на Црвена Звезда, Вук Радивојевиќ, каде што беше соиграч и цимер со нашиот Перо Антиќ, е приведен од српската полиција поради извршување кривично дело – Вук Радивојевиќ, објави Спорт1.
Инцидентот се случил ноќеска во белградската населба Звездара, каде што во полициската станица сопругата на кошаркарот пријавила дека била нападната од него, прво во возилото по вербален конфликт, а потоа во заедничкиот стан. Радивојевиќ со тупаница ја удрил по лицето при што ѝ нанел тешки телесни повреди. Тој утре ќе биде сослушан пред јавниот обвинител, по што ќе се знае дели ќе му биде продолжен притворот.
Србинот кариерата ја почна во младинската школа на Партизан, но сениорската кариера ја стартува во Слога Краљево. Потоа се пресели во Ц. Звезда, каде што настапуваше заедно со претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), а има настап и за репрезентацијата на Србија на ЕП 2007 година.
Радивојевиќ е запаметен и по можеби најжестоката тепачка на кошаркарските терени во регионот и тоа на мечот помеѓу Ц. Звезда и Војводина во сезоната 2004/05, кога се степа со Американецот Кибу Стујарт.